Русија почна голема воена вежба во јужниот дел на земјата
Русија, со значителни воени сили, денеска почна голема воена вежба во југозападниот дел од земјата, пренесоа американските медиуми.
Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, изјави дека рано утринава, на самиот почеток на воената вежба, некои од воздухопловно-десантните единици и воено-транспортната авијација беа ставени во состојба на борбена тревога.
На вежбата учествуваат војници и единици од рускиот Јужен воен округ.
Округот во себе вклучува војници и единици распоредени на Кримскиот Полуостров, што Русија пред две години го анексира од Украина, како и единици од Северен Кавказ и југозападните области крај границата со Украина.
Според Шојгу, вежбата има за цел да ја провери подготвеноста на војската да одговори на терористички закани и на другите предизвици.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи