Русија очекува зголемување на бројот на невработени од 1,6 на 2,5 милиони
Во Русија во моментов има 1,6 милиони официјално регистрирани невработени луѓе, а се очекува тој број да продолжи да расте во мај и јуни.
Се проценува дека нивото на регистрирана невработеност во земјата ќе биде 2,5 милиони луѓе, додека вкупниот број на оние кои ги загубиле своите работни места како резултат на кризата предизвикана од коронавирусот, може да достигне 5,3 милиони, оценува Меѓународната организација на трудот, соопшти рускиот министер за труд и социјална заштита Антон Котјаков.
– Бројот на регистрирани невработени достигна 1,6 милиони. Ние сериозно разгледавме различни ситуации според различни сценарија. Со оглед на проценетите податоци што ги гледаме денес, бројот на невработени ќе продолжи да расте во мај и јуни, рече Котјаков.
Според него, пазарот на трудот минува низ тежок, но не и катастрофален период.
Руската вицепремиерка Татјана Голикова претходно изјави дека бројот на невработени во земјата е речиси двојно зголемен од нивото на 725.800 лица.
Таа истакна дека од 1 март годинава 1.654.000 Руси се обратиле до државните агенции за помош во барање работа или за добивање надомест за невработеност.
Ново на Сител
-
Македонските фудбалери поразени од Саудиска Арабија
-
Зеленски: Сите сојузници од Коалицијата на подготвените согласни се дека Русија ги отфрла иницијативите за мир
-
Русија протера естонски дипломат
-
Почина италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани
-
Гаши за утре закажа седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР
-
Министерот Тошковски на средба со амбасадорката Агелер: Потврдена силна поддршка од САД за реформите во МВР
-
УХМР: Следува период на претежно стабилно време
-
МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми