Русија и СЗО преговараат околу можна проверка на руската вакцина
Светската здравствена организација (СЗО) и руските власти разговараат за процес на можно тестирање на безбедноста и ефикасноста на новата вакцина против Ковид-19 одобрена во Русија, соопшти денеска портпаролот на СЗО Тарик Јашаревиќ.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија станала првата земја во светот што дала регулаторно одобрение за вакцина против Ковид-19 по помалку од два месеци тестирања врз луѓе.
– Ние сме во близок контакт со руските здравствени власти и во тек се разговори за евентуална проверка на безбедноста и ефикасноста на вакцината во рамки на СЗО, но овој процес вклучува ригорозен преглед и проценка на сите потребни податоци за безбедност и ефикасност, рече Јашаревиќ на брифинг на ООН во Женева.
Русија ја нарече својата прва одобрена вакцина против Ковид-19 „Спутник V“ за странските пазари, што е референца на првиот светски сателит и што Москва го смета за свој успех бидејќи е прва земја што ја одобри вакцината, изјави денеска висок официјален претставник.
Ново на Сител
-
Безживотно тело на маж извлечено од водите на Вардар во центарот на Скопје
-
Земјоделци од селата Иловица и Штука го блокираа патот заради ниските откупни цени на младиот компир
-
Намален бројот на превезени патници во патниот сообраќај во првиот квартал
-
Денеска и утре нестабилно со пороен дожд
-
Почина 32-годишник, излетал од патот со автомобил
-
Општина Карпош демантира дека издала одобрение за забавниот парк кај „Борис Трајковски“
-
ССМ: Синдикална минимална кошница за мај 60.090 денари
-
Уапсени седум педофили во Србија, во становите пронајден детски порнографски материјал