Русија го запре гасот преку Северен тек 1 на три дена
Русија денеска ја запре испораката на гас за Европа преку гасоводот Северен тек 1. Европа е информирана дека Газпром ќе го затвори гасоводот Северен тек 1 кон Германија од 31 август до 3 септември.
– Единствената исправна пумпна единица Трент 60 ќе биде запрена три дена поради одржување и превентивно одржување, се вели во соопштението на руската нафтена компанија.
Низа рутински процедури, во согласност со актуелниот договор за одржување, ќе извршат експерти на компанијата заедно со колегите од „Сименс“, прецизира Газпром.
Податоците од веб-страницата на операторот Северен тек 1 покажуваат дека протокот бил на нула во периодот од 04:00 до 05:00 часот рано утринава.
Европските влади стравуваат дека Москва би можела да го продолжи овој прекин со цел да врати за санкциите што беа воведени против Русија по инвазијата врз Украина. Тие го обвинуваат рускиот претседател Владимир Путин дека ги користи енергетските резерви како „воено оружје“, додека Москва ги негира таквите тврдења.
Рускиот прекин и намалувањето на снабдувањето ги зголемија цените на гасот и ги принудија европските влади да се борат за алтернативни испораки пред зимата.
Понатамошните ограничувања во снабдувањето со гас во Европа би ја влошиле енергетската криза која веќе доведе до пораст на големопродажните цени на гасот за повеќе од 400 отсто од август минатата година, зголемувајќи ги трошоците за живот за потрошувачите и бизнисите и принудувајќи ги владите да трошат милијарди за да ги олеснат овие оптоварувања.
Ново на Сител
-
Чешкиот „Блек Хок“ слета на аеродромот Скопје
-
Пронајдено телото на 16-годишната Теодора
-
Трамп: Русија ќе се соочи со нови санкции од САД доколку не ја заврши војната во Украина за 10 дена
-
Активни три пожари на отворен простор од вкупно 20 пожари
-
Создадовме болид со кој ќе се тркаме на светски трки | Ненад и Димитар | Sitel Podcast 106
-
ЕУ планира да замрзне дел од средствата за Украина додека не завршат реформите
-
Муцунски: Генерален конзулат во Корча - затоа што грижата за Македонците во Албанија се мери со дела
-
Од 1 септември нови мерки најавува Вучиќ „за луѓето, особено за средната класа и посиромашни“