Русија го испраќа во Сирија најмодерниот ракетен систем С-400
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека Москва во Сирија ќе го испрати својот најмодерен противавионски ракетен систем С-400, откако вчера турските ловци соборија руски воен авион на турско-сириската граница.
-Противавионскиот ракетен систем С-400 ќе биде распореден во базата Хмеимим, рече Шојгу, а пренесоа руските агенции.
Базата Хмеимим се наоѓа на подрачјето што е под контрола на силите на сириската војска, а Русија го користи за полетување на своите бомбардери што одат во акции на уништување целина Исламска држава во Сирија.
Системот С-400 се користи во руската армија од 2007 година.
Турција вчераутро собори руски воен авион на границата со Сирија затоа што, како што тврди турската војска, го повредил воздушниот простор на земјата иако повеќе пати бил предупреден, додека руското Министерство за одбрана истакна дека рускиот авион не го нарушил турскиот воздушен простор.
Ново на Сител
-
ЦУК: Осум активни пожари, се уште активен пожарот во резерватот Јасен
-
Kуче врзано влечено со автомобил па фрлено во речно корито во Крива Паланка, го спасиле пожарникари | ФОТО
-
Уште еден случај на затруено дете во Куманово
-
Евакуирани 150 лица од лондонска болница поради хемиски инцидент
-
Унгарија бесна на Украина поради нападот врз рускиот гасовод
-
Групна тепачка во угостителски објект во Куманово, приведени пет лица
-
„Ватсап“ вели дека Русија се обидува да ја блокира апликацијата
-
Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш