Румен Радев нов претседател на Бугарија, Борисов најави оставка
Независниот кандидат за претседател на Бугарија, поддржан од Бугарската социјалистичка партија (БСП), Румен Радев освои 59,35 проценти од гласовите на вчерашните претседателски избори, соопшти утрово бугарската Централна изборна комисија врз основа на 99,33 отсто преброени гласачки ливчиња.
Во исто време, кандидатката на владејачката партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) и актуелен претседател на бугарскиот Парламент, Цецка Цачева освоила 36,17 проценти од гласовите, додека 4,48 отсто од избирачите се изјасниле дека „не поддржуваат никого“.
Радев уште синоќа по објавувањето на првичните делумни резултати и излезните анкети кои укажуваа на негова победа, изјави дека „демократијата ги победи апатијата и најмногу стравот“. На прашањето дали ова е победа за Румен Радев или БСП, тој рече дека тоа е „победа за бугарски народ“.
Цачева од своја страна го призна поразот на изборите и најави дека е подготвена да поднесе оставка на функцијата претседател на Собранието.
Во седиштето на ГЕРБ, во присуство на бугарскиот премиер Бојко Борисов и други членови на Владата, Цачева изјави дека не се чувствувала како „осамен играч“ во текот на кампањата, иако не добила „доволна поддршка од сопстевната партија“. - Мој главен противник беа политичката апатија и популизмот, порача Цачева.
Борисов исто така му ја честиташе победата на Радев и најави дека на првиот работен ден на Народното собрание, ќе поднесе оставка на неговата коалициска Влада
Како што јави БТА, тој рече дека во Бугарија „има нова политичка ситација“ и дека е очигледно оти се создало ново мнозинство, кое ќе треба да формира нова влада.
Борисов се заложи и за свикување на Големо народно собрание, специјализирана законодавна институција во Бугарија, која има проширен состав во споредба со редовното Народно собрание и има ексклузивни права да решава за одреден круг прашања, вклучително и за промена на Уставот.
Тој оцени дека станало „јасно оти нешто не е во ред со актуелната политичка класа и со актуелниот начин на управување“.
- Многу луѓе се чувствуваат незадоволни... и јасно е дека над 3,5 милиони Бугари сакаат промени, изјави Борисов, заложувајќи се меѓу другото и за намалување на бројот на пратениците во бугарскиот Парламент.
Ново на Сител
-
Донација од ЕУ и УНДП за граничната и криминалистичката полиција
-
Уапсен 43-годишен крадец на гулаби во Гостивар
-
Филипче до Oбвинителството доставил извештаи за работата на Онкологија, тврди дека додека бил министер имало лекови за пациентите
-
Магла во Битола и Прилеп, видливост од 100 до 150 метри
-
Данела Арсовска: Бандата која ги труе скопјани и претепа инспектори на Град Скопје се уште е на слобода | ФОТО
-
Замина легендата на македонската рок-сцена: Почина Константин Коце Икономов
-
Деновиве релативно топло, во среда повремен дожд
-
Во МНР одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот