Фудбал
2. July 2017 - 9:54

Рудигер е замената за Тери во Челзи

 Германскиот репрезентативец Антонио Рудигер ќе биде замена за легендата на Челзи, Џон Тери, потврдија англиските и италијанските медиуми.
 
Челзи и Рома синоќа постигнаа договор, па така „сините“ од Лондон за Германецот ќе платат 33 милиони евра, плус пет милиони како бонуси.
 
Рудигер во моментов е со германската репрезентација на Купот на конфедерации, каде ќе се бори за титулата, во финалето во кое за противник ќе ја има селекцијата на Чиле.
 
По финалниот меч се очекува младиот дефанзивец веднаш да отпатува за Лондон каде треба да ги мине медицинските прегледи.