РСБСП: Минатата година во Македонија 35 пешачи го загубиле животот
Во Република Македонија во 2016 година, 35 пешаци го загубиле животот во сообраќајни незгоди, додека 871 лице–пешак биле повредени во сообраќајни незгоди. Од загинатите пешаци, едно лице е на возраст до 14 години, три лица на возраст од 25-40 години, 14 лица на возраст од 41-64 години и 17 лица на возраст над 65 години, покажуваат податоците на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот и патиштата.
Според податоците на РСБСП, пешаците страдаат во сообраќајни незгоди поради тоа што кај нив отсуствува чувството на свесност дека и тие се учесници во сообраќајот и дека и за нив важат сообраќајните правила и прописи како и за сите други учесници во сообраќајот. Понатаму лошите навики и ниската сообраќајна култура е важен фактор од кој зависи безбедноста на пешаците во сообраќајот, но важно е и тоа дека пешаците најмалку ги познаваат сообраќајните правила и прописи, најмалку се контолирани и најмалку се санкционирани како учесници во сообраќајот.
Од РСБСП потсетуваат на најважните правила и прописи кои возачите треба секогаш да ги практикуваат, односно дека возачот е должен да обрне посебно внимание на пешаците кои се наоѓаат на коловозот или кои започнале да чекорат по коловозот, кога приоѓа кон обележан пешачки премин, возачот е должен да управува со возилото и да вози со таква брзина што овозможува во случај на потреба да го запре возилото пред пешачкиот премин, возачот е должен секогаш да ги препушти пешаците кои стапнале на пешачкиот премин...
Ново на Сител
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани е во исклучително важна фаза, нема никаква селективност досега, нема да има ни понатаму
-
Скопјанец доби условна казна затвор за ширење омраза за коментари поврзани со Парадата на гордоста
-
Изминатите два дена 1452 сообраќајни прекршоци, 258 за брзо возење
-
Дачиќ: Нема потреба за вонредни избори; Брнабиќ: Студентите да му се обратат на Вучиќ
-
ЕУ повика на дијалог меѓу Индија и Пакистан
-
Израел се заканува дека ќе му го направи на Техеран она што му го направи на Хамас во Појасот Газа
-
Јермак: Украина и сојузниците разговараа како да извршат притисок врз Русија за 30-дневен прекин на огнот
-
Николоски: Арсовска целосно потфрли, ќе понудиме квалитетен кандидат за Скопје