-->
-->
Роналдо: Мечот против Македонија е на „живот и смрт“
-->

Кристијано Роналдо пред бараж мечот со Македонија изјави дека финалето вечерва во Порто е „прашање на живот и смрт“.
Македонија, рангирана на 67. место во светот, дојде во Порто барајќи да се квалификува за Светско првенство за прв пат, откако ја изненади Италија со 1-0 во полуфиналето.
Ова веројатно ќе биде последниот настап на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Роналдо на Светско првенство, освен ако не игра до својата 41 година.
„Ги повикувам навивачите - сакам да се случи пеколот на Драгао [стадионот]“, рече капитенот (37) за натпреварот кој се игра вечерва.
Португалија, која во полуфиналето ја победи Турција со 3-1, последен пат не успеа да стигне до Светско првенство во 1998 година.
Роналдо додаде: „Легнав синоќа мислејќи дека сакам стадионот да згрми со нашата национална химна и да ги оставиме навивачите да ја пеат акапела за да ја покажеме нашата страст, нашата сила и обединување околу целта да стигнеме до Светското првенство.
„За нас оваа игра е прашање на живот и смрт. Има одговорност да победиме во овој натпревар. .
Роналдо е најдобар стрелец на сите времиња во машкиот репрезентативен фудбал со 115 гола, вклучувајќи седум на четири Светски првенства.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пукање во Скопје: Убиен 25-годишен маж
-

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста
-

Пет лица загинаа откако карго-авион на „Амазон“ се урна на аеродром во САД | ВИДЕО
-

Трамп предлага сојузната држава Њу Мексико да се вика „Нова Америка“
-

Денеска ќе биде погребан Ратко Младиќ
-

Сончево и топло со температура до 35 степени
-

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до четири милиони патници
-

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници
