Роман од хрватскиот писател Лудвиг Лујо Бауер објавен на македонски јазик

„Големата љубов на Дон Жуан и малата балканска војна“ од хрватскиот писател Лудвиг Лујо Бауер е најновото издание на „Бата прес“.
- Кажувањето за крвавиот распад на Југославија и за создавањето на новите држави авторот го илустрира и со многубројните љубовни доживувања на главниот јунак Јан. Љубовните стории се всушност неминовност, речиси одбрана при многубројните патувања и при службувањето во Белград, како кадар од Хрватска, бележи издавачот.
- Ова е една книга која кога ќе ја дофатиш не ја испушташ од раце и притоа во себе негодуваш, некогаш и на глас, што не успеваш уште побрзо да ја прочиташ, пишува во есејот за книгата хрватската поетеса и критичарка Лидија Харак.
Романот од хрватски на македонски јазик го преведе Ненад Баткоски, а објавувањето беше поддржано од Министерството за култура на Република Македонија во Националната програма за издаваштво за 2015 година.
Лудвиг Лујо Бауер (1941) е автор на голем број детски книги, раскази, романи, сценарија за филмови (автор е на сценариото за епизодите од популарниот цртан филм „Балтазар“), славист што како професор бил ангажиран во Загреб, Лондон и Вашингтон. Добитник е на голем број награди, меѓу кои и највисоките признанија за објавен роман – „Фран Галовиќ“, „Меша Селимовиќ“ и „Киклоп“.
Ново на Сител
-

Без вода утре корисници спроти „Соборниот храм“ во Скопје
-

Граничниот премин Богородица затворен за секаков тип возила
-

Комеморација во чест на ликот и делото на истакнатиот играорец Симеон Чулев
-

Финансова поднесе кривична против директор и раководител на ЈКП „Брегалница“ Делчево, го оштетиле буџетот на претпријатието за 7,6 милиони денари
-

Предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата и музичари од Романија
-

Кик Бокс клубот Шампион Урко - тим најуспешен македонски клуб во Ниш
-

Поевтинуваат горивата
-

Дрога пронајдена кај затвореник во Идризово
