Родители од пеколот: Го тепале своето бебе до степен што двете нозе морале да му ги ампутираат

Бебето кое родителите толку често го злоставувале, поради што лекарите морале да му ги ампутираат двете нозе, кога имало само шест недели, прв пат било прикажано во јавноста.
46-годишниот Тони Смит и неговата 24-годишна партнерка Џоди Симпсон од Кент во Велика Британија, биле осудени на 10 години затвор поради злоставување на сопственото дете.
Малото дете, кој го носи името на својот татко, за малку ќе починело од сепса.
Условите во кои живеел парот биле во најмала рака ужасни. Низ целиот стан биле расфрлени валкани алишта, а во детското креветче имало ѓубре.
Покрај за обид за убиство, Тони и Џоди биле осудени и поради суровост кон детето, бидејќи не повикувале помош кога на бебето му се слошувало.
"Детето беше сиво, натечено, му откажуваа органите, имаше скршени коски...благодарение на брзата реакција на лекарите животот му беше спасен", се слушнало на суд.
Експертите наведуваат дека родителите го влечеле, фрлале и тепале малиот Тони и тоа најмалку 10 дена пред конечно да го однесат на лекар.
Повредите биле толку тешки, што на детето морале да му ги ампутираат двете нозе, а колковите му биле толку слаби и оштетени што можеби нема да може да носи ни протези.
Ново на Сител
-

Цената на нафтата расте, во моментов на највисоко ниво од 2022
-

Маж со чекан повредил пет лица во Токио, тројца од нив полицајци
-

Трамп размислува за намалување на американскиот воен контенгент во Германија
-

Симеоне: Во полуфинале на ЛШ за да се досуди пенал потребна е чиста ситуација
-

Австралиската полиција била предупредена на можен антисемитски напад пред инцидентот на плажата Бонди
-

Атлетико и Арсенал одиграа без победник во Мадрид
-

Во Собранието седница за поставување пратенички прашања
-

Облачно со врнежи од дожд, на планините од снег
