РКЕ: Ќе се намали цената за пренос на природен гас и за дистрибуција на гас во ТИРЗ
Цената за пренос на природен гас ќе се намали за приближно 12 отсто, покажуваат пресметките на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Тоа, според претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, ќе значи намалување на трошоците за индустријата, но и за топланите во Град Скопје што ќе има позитивно влијание за намалување на цената за топлинската енергија што ќе ја носи регулаторот во јуни следната година.
- Со намалувањето на цената за пренос на природен гас РКЕ сака да испрати сигнал за сериозна гасификација на Македонија, рече Бислимовски пред почетокот на денешната подготвителна седница на која се разгледуваат предлог одлуките за пренос на природен гас на АД ГАМА и три одлуки за дистрибуција на природен гас во Струмица, Куманово и ТИРЗ.
Тој нагласи дека цената за дистрибуција на гас во Струмица и Куманово останува иста, а за ТИРЗ-овите во Скопје ќе се намали за три отсто.
- На овој начин ќе се намали трошокот за мрежарина за сите компании кои се приклучени на преносната мрежа, како и на дистрибутивната мрежа во ТИРЗ, а со тоа и нинивните трошоци во производниот процес. Ќе предложиме и нов пристап на тарифирање на потрошувачите кои се приклучени на преносната мрежа во сопственост на АД ГАМА, односно сакаме да воведеме различни категории на потрошувачи, појасни Бислимовски.
Изрази надеж дека намалувањето на цената за пренос на природен гас и за дистрибуција на гас во ТИРЗ ќе даде силен поттик и до Градот Скопје, кој веќе формираше јавно претпријатие, за сериозна гасификација на градот во 2019 година.
- На пртпријатијата во Струмица и Куманово ќе им предложиме да направат нов начин на тарифирање до крајните потрошувачи со цел да ги намалат колку што е можно повеќе трошоците за природен гас кај домаќинствата, а за индустријата да останат на приближно исто ниво, за да има посериозна гасификација и во овие два града. РКЕ ќе им помогне во текот на јануари да изработат соодветни тарифни модели, потенцира Бислимовски.
Во Струмица и Куманово, додаде, има стотина домаќинства кои користат природен гас, а со новите тарифни модели се надеваме дека ќе се поттикнат повеќе домаќинства да се приклучат на дистрибутивните мрежи во двата града.
Ново на Сител
-
ЦУК: Гори депонијата во Вардариште
-
Трамп: Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓе
-
Скопјанец удрил во заштитна ограда на исклучокот од патот Прилеп - Градско и ја качил на покривот на возилото
-
Кривична пријава за скопјанец кој преку веб страница продавал билети за непостоечки концерт
-
Лихвари од Скопје за 30.000 евра изнудиле 300.000 евра од кумановец
-
Безживотно тело на маж пронајдено покриено со земја и предмети во Кавадарци
-
Убиство во Бардовци
-
Посмртните останки на Душко Чифлиганец ќе бидат изложени утре во црквата „Св. Јован Крстител“ во Аеродром