-->
-->
„Рисовите“ закажаа контролка со Бугарија
-->
Македонска фудбалска репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против Бугарија на 29. март на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, соопшти во четвртокот Фудбалската федерација на Македонија.
Натпреварот ќе биде седми пријателски меѓу двете селекции. Македонија има две победи, последната во 2013 година кога со головите на Ибраими и Трајковски славевме со 2:0.
На првиот пријателски дуел во Кочани во 1994. година беше 0:0, во Софија 1996. година Македонија загуби со 3:0, во Скопје во 1996. година беше 1:0 за Македонија, а во 2001. и 2006. година во Софија и Скопје, Бугарија победи со 1:0.
На 23. март селекцијата предводена од Игор Ангеловски ќе гостува во Копер на контролен дуел против Словенија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во кумановскиот затвор се обеси убиецот на Танкица Младеновска од Кочани
-
Пожар во гаража во Ново Лисиче, причинета материјална штета
-
Приведен жител на неготинско село кој не почитувал судска наредба и се заканувал на мајката и братот
-
Земјотрес регистриран во Македонија
-
Четворица повредени при пад на мал авион врз куќа во Колорадо
-
Номиниран јавен обвинител за следење на предметите за кривични дела од омраза и дискриминација
-
Поплави во Сиднеј
-
Уште еден Србин обвинет за воени злосторства во Косово