Фудбал
3. September 2015 - 13:36

Рисовите 104-ти во светот

Светската фудбалска федерација (ФИФА) во пресрет на квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство ја објави најновата ранг листа, на која македонскиот национален тим се наоѓа на 104-то место, што е пад за една позиција во однос на претходното рангирање.
 
На ранг листата на ФИФА пред Македонија се Етиопија, Канада, Нигер, Оман, Гватемала, Либија, Белорусија, Малави, Мозамбик, Катар...
 
Македонија во квалификациската група го има вториот најлош рејтинг по оној на Луксембург (141-во место). Најдобро позиционирана е Шпанија (11) со која Македонија ќе игра во Скопје на 8. септември, а потоа следуваат Словачка (15), Украина (29) и Белорусија (97).
 
Кога станува збор за Топ 10, на листата нема промени на првите седум позиции: Аргентина, Белгија, Германија, Колумбија, Бразил, Португалија, Романија, а Чиле напредуваше за две позиции и се наоѓа на на осмото место, каде што беше Англија која сега е десетта, додека на деветтото место е Велс.