„Резервен живот“ објавен во САД, авторката Димковска на американска книжевна турнеја

Американската издавачка куќа од Сан Франциско „Two Lines“ го објави романот „Резервен живот“ од Лидија Димковска во превод на англиски на Кристина Е. Крамер.
По тој повод издавачот заедно со Центарот за уметноста на преводот од Сан Франциско од утре до 21 октомври организира книжевна турнеја на која Димковска преку читања и разговори во најпознатите американски книжарници ќе го претстави својот роман пред американската публика во девет градови: Њујорк, Балтимор, Ешвил, Ајова, Чикаго, Сиетл, Сан Франциско, Окланд и Лос Анџелес, а ќе учествува и на книжевниот фестивал „Градови-близнаци“ во Минеаполис и Сен Паул.
Издавачот потенцира дека Димковска која е во САД веќе позната како неверојатно талентиран поет со две поетски книги на англиски јазик, сега се претставува и како врвен романсиер. Њујоршкиот неделник „Паблишерс викли“ го нарече „Резервен живот“ „калеидоскопски роман со големо срце“. Американските списанија за книжевност „Чикаго Ривју“ и „Тин Хаус“ екслузивно објавија извадоци од романот пред да излезе.
Наскоро во „Светската литература денес“ ќе излезе и големо интервју со Димковска во врска со објавувањето на нејзиниот роман „Резервен живот“ на англиски како и неколку нејзини песни од поетската збирка „Црно на бело“.
„Резервен живот“ ја доби Европската награда за литература во 2013 година и досега имаше три изданија на македонски јазик (Или-Или, Скопје). Преведен е и се уште се преведува на повеќе светски јазици.
Ново на Сител
-

Топло време за викендот, од понеделник услови за дожд
-

Алиу: Владата ја усвои информацијата за формирање центар за итна медицинска помош во Скопје со цел поефикасен итен медицински одговор
-

Во Србија легално во моментот се 100.000 странци, а само 160 бегалци во прифатни центри
-

Кривична за доктор и медицинска сестра, се обиделе да шверцаат ботокс преку пошта
-

Лавров не ја гледа ЕУ како соодветен партнер за мировни преговори
-

Поранешните директори на Онкологија Васев и Нухи излегуваат од притвор, прифатена гаранцијата со хипотека на имот
-

Повторно судири меѓу Израел и Хезболах во Либан, загрозен мировниот договор меѓу Иран и САД
-

Белгија увезува повеќе руски гас од пред војната, независно санкциите на ЕУ
