Револтирани граѓани го блокираа автопатот Тетово
Со блокада на автопатот Тетово – Скопје околу 30 минути помина денешниот трет протест на група граѓани од Тетово и околината во знак на револт поради зголемената цена на електричната енергија.
Организацискиот одбор на социјалните мрежи за денеска во 16.30 часот го најави собирот пред Монополот во Тетово. Таму насобраните луѓе стоеја сè до 16.50, по што дел од нив како група почнаа да се движат, а некои заминаа со возила.
Потоа беше блокиран автопатот пред т.н. Требошки натпаник, сè до 17.30 часот. Бидејќи блокадата на автопатот не беше најавена, полициски службеници побараа од организаторите да ја ослободат сообраќајницата за тековно движење.
Протестот траше до 17.30 часот, до кога и сообраќајот на автопатот беше во прекин. Полицијата ги пренасочуваше возилата по регионалниот пат Тетово – Скопје. Од 17.45 учесниците се заминати од блокадата, а сообраќајот нормално се одвива.
На 14 август во Тетово организацискиот одбор организираше граѓански марш од три локации до градскиот плоштад. Една недела пред тоа се протестираше на плоштадот. Ноќта на 14 август во Тетово беа запалени и две возила на ЕВН.
Ново на Сител
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје