-->
-->
Рекордно зголемување на вработеноста во ЕУ, каде во моментов работат 235 милиони луѓе
-->

Европската унија останува цврста на патот кон поголем број на вработувања и економски раст, покажува последниот квартален преглед за вработување и социјални развојни места во Европа.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, вработувањето во Унијата продолжува да расте со доследно темпо речиси во сите земји-членки, па вработеноста се зголеми за 1,5 проценти во ЕУ и 1,6 отсто во Еврозоната во вториот квартал од 2017 година споредено со истиот период во 2016 година.
Според Европската комисија, во ЕУ и во Еврозоната се вработени 3,5 милиони, односно 2,4 милиони лица, што значи дека 235,4 милиони луѓе сега се вработени во Европската унија. Ова е највисоко ниво досега и зголемувањето на вработеноста во ЕУ во текот на изминатите четири години особено придонесе за помладата генерација.
Сепак, според Еврокомисијата, невработеноста на младите е се уште превисока во ЕУ, но стапката се намалува стабилно и побрзо од севкупната невработеност, па сега изнесува 16,9 отсто, достигнувајќи ниво пониско отколку во 2008 година.
Комесарката за вработување, социјални работи, вештини и мобилност на работната сила, Мариан Тисен , коментира дека денешните резултати се охрабрувачки, бидејќи повеќе луѓе во Европа од порано имаат работа и невработеноста достигна ниво какво што во Унијата беше пред девет години.
- На пат сме да ги подобриме економските и социјалните услови за сите, со Европскиот столб на социјалните права, а имаме патоказ за добро функционални и фер пазари на трудот кои се соодветни за целта во 21-от век. Би сакале да видиме заедно со Европарламентот, Советот и Комисијата на Социјалниот самит во Гетеборг на 17 ноември 2017 година што ќе се достигне следно – истакна еврокомесарката Тисен.
Кварталниот преглед, исто така, покажува дека економијата на ЕУ продолжува со проширувањето во сите земји-членки со раст од 2,4% во ЕУ и 2,3% во Еврозоната во текот на минатата година. Ова, исто така, во подобрување на финансиската состојба на домаќинствата во ЕУ донесе и поголем приход од работа, додека зголемувањето на социјалните бенефиции е прекинат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова од Детроит: Државата ќе продолжи да вложува напори да ги зацврсти врските со дијаспората
-
Маж осомничен за изнуда на пари од жена во странство, со закани и барал 15 илјади евра
-
Честитка од претседателот на Собранието, Гаши по повод 28 Септември - Меѓународниот ден на Бошњаците
-
ИДФ: Погодени се 140 цели во Газа
-
Иран го повика Гутереш да го спречи активирањето на механизмите за спроведување на санкциите на ОН
-
АХВ: Можно труење со храна во Штип, времено затворена сендвичарница
-
Полска рано утринава го затвори воздушниот простор на југоисточниот дел од земјата
-
Маријан Илич, една од седумте најбогати жени во светот: Ги сакам Македонците, добро го зборувам јазикот, јас сум горда Македонка