-->
-->
Рекле дека нема да го преживее раѓањето, преживеала 40 операции и денес има 4 години
-->
Четиригодишната Лидија Ранкин, според прогнозите на лекарите не требало да го преживее раѓањето, но таа е вистински борец, преживеала 40 операции и денес има четири години. Родена е со тешки пореметувања на мозокот, во кората на мозокот и се собира течност поради која е родена со глава со големина на возразен човек.
На родителите на четири годишната британка им било кажано да ја прекинат бременоста бидејќи и да се роди девојчето тоа ќе преживее само неколку недели. Родителите не се согласиле, Лидија била родена со многу ретка болест, пореметување на мозокот и глава со големина на возрасен човек но тело на бебе. До денеска таа преживеала над 40 операции, пишувa mirror.
На Лидија и била дијагностицирана Алобарна холопрозецефалија, која се јавува поради неразвивање на мозочни хемисфери при развојот на мозокот за врме на бременоста од четвртата до осмата недела. Поради тоа неможе да оди и збори. Исто така дијагностицирана и е и Хидроцефалус, поради која и се собира течност во кората од мозокот па главата и се шири. Од раѓањето до денес минала низ 40 операции на главата за да се ослободи течноста од мозокот, првата операција и ја направиле кога имала само шест недели.
Денес таа неможе да ги движи своите раце е нозе бидејќи делови од мозокот не и функционираат. Нејзината мајка Рут вели дека со оглед на се таа е весела и дека го сака животот.
"Нашиот пат беше полн со успони и падови. Три пати до сега ни рекоа дека ќе умре, но Лидија е толку јака и е вистински борец. Сите нас не инспирира, а нејзината снага не одржува. Она е нашето чудо." кажала Рут додавајчи дека нејзиниот сопруг е карпата на која може да се потрпе. За да се борат за животот на младата девојка, родителите ги напуштиле своите работни места. Лидија во моментот во главата има цефка која ја осигурува дека не се акумулира течност, пие шест различни видови лекови три пати дневно а боледува и од епилепсија.
"Да го гледате детете како пати е најголема ноќна мора за родителите. Секој ден се будиме со помисла дека можеби нема да успее во напорите и да го дочека својот петти роденден, или шестиот, но живееме од ден за ден и идеме чекор по чекор", вели мајката на девојчето која има уште три дена на возраст од 21, 15 и 11 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден
-
Иран: Третата рунда американско-ирански преговори ќе се одржи задутре во Мускат
-
Следува период на нестабилно време со дожд и грмежи
-
Нема подолги задржувања на граничните премини
-
Трамп: Се надевам дека Русија и Украина оваа недела ќе постигнат договор
-
Европски Куп на ЕХФ: Алкалоид го совлада Рунар во првиот полуфинален натпревар
-
МВР со детали за сообраќајката кај Зелениково
-
Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес