Реката Брегалница порибена со крап
Здружението на спортски риболовци (ЗСР) „Брегалница“-Штип денеска изврши порибување на реката Брегалница со сто килограми крап.
Секретарот на ЗСР „Брегалница“, Благој Димитров рече дека риболовците денеска порибувањето го извршија на локацијата Калимерово, под мостот на реката Брегалница во близина на бањата „Кежовица“.
- Денеска е извршено порибување на Брегалница, согласно риболовната основа, концесија и договор за порибување. Риболовниот материјал е од „Акватика“-Неготино и имаме околу сто килограми крап со тежина од 100 грама по парче, рече Димитров.
Тој апелира во наредните десет дена риболовците да се воздржат од рибарење по течението на реката Брегалница. Според Димитров намалениот водостој во овој период не се одразува врз рибниот фонд, а засега единствен проблем им е загадувањето на реката.
Рибочуварската служба на ЗСР „Брегалница“-Штип е постојано на терен, со што, вели тој, рибокрадството е намалено.
Ново на Сител
-
Две македонски судиски двојки на Европското првенство во ракомет 2026
-
Роналдо прв фудбалски милијардер во историјата
-
Италија ќе забрани носење бурка или никаб на јавни места
-
Уапсена сопругата на Шинаи во кој беше пукано вчера во Куманово
-
Полиција утврдила дека куферот оставен кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е празен
-
Голема полициска акција во повеќе скопски населби, се апсат дилери на кокаин
-
По три години затвор за сопствениците на диви депонии во Вардариште
-
Во центрите за јавно здравје обезбедени 2.400 комерцијални вакцини против сезонски грип