Македонија
11. May 2017 - 15:06

Рехабилитација на ски центарот Пониква

Општина Кочани на последната седница на Советот на општината донесе одлука за сопствено учество во проектот „Рехабилитација на ски-центар Пониква“, кој ќе биде аплициран во партнерство на општините Кочани и  Пробиштип.

- Со одлуката која ја донесовме на последната седница на Советот, се дава согласност на општина Кочани да  учествува во проектот „Рехабилитација на ски-центар Пониква” со кофинансирање во износ од 5 проценти  од вкупната одобрена вредност на  под-грантот. Овој проект ќе биде аплициран од страна на општина Кочани  во партнерство со општина Пробиштип до Проектот за локална и регионална конкурентност за добивање на средства од Повикот за изразување на интерес - Инвестиции на под-грантови во инфраструктура поврзана со туризмот и поврзувања во дестинациите LRCP-1/17, изјави градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски.

Средствата потребни за реализација на проектот, истакнува Димитровски, ќе бидат обезбедени од буџетот на општина Кочани.

Инаку финансирањето на заеднички прокети на општините Кочани и Пробиштип се реализира неколку години наназад, се со цел Пониква и Осоговските планини да станат достапна туристичка дестинација во текот на целата календарска година.