Регионална работилница во Југоисточна Европа за заштита на критична инфраструктура од терористички напади

Како да се зајакне критичката инфраструктура против терористички напади, е темата на тридневната регионална експертска работилница за национални претставници од осум земји-учеснички на ОБСЕ во Југоисточна Европа, што беше отворена вчера во Скопје.
Работилницата е во организација на Единицата против тероризам на Одделот за транснационални закани на ОБСЕ, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и во партнерство со Извршниот директорат на Комитетот за борба против тероризмот на ООН (УНКТЕД), ИНТЕРПОЛ и Канцеларијата на ООН за борба против тероризам (УНОКТ).
Работилницата, како што соопштуваат од ОБСЕ, има за цел да ги поддржи земјите-учеснички на ОБСЕ во спроведувањето на резолуцијата 2341 (2017) на Советот за безбедност на ООН, која ги повикува земјите-членки да се справат со опасноста од терористички напади против критична инфраструктура и да разгледаат мерки за развој на национални стратегии и политики, покрај другите релевантни резолуции . Во текот на работилницата, експертите го користеа Компедиумот за добри практики на ООН за заштита на критична инфраструктура од терористички напади како прирачник.
Во оваа работилницата вклучени се повеќе од 40 експерти од меѓународни и регионални организации, истражувачки институти и приватниот сектор и се фокусира на тековните иницијативи и предизвици на соодветните национални стратегии за заштита на критична инфраструктура. Настанот е со цел да се даде преглед на пејзажот на закани за различни критични сектори, вклучувајќи ги таканаречените „меки“ цели, потенцирајќи ги и физичките и сајбер заканите.
Директорот на Агенцијата за национална безбедност на Северна Македонија Виктор Димовски истакнал дека терористичките напади ширум светот покажале дека критичката инфраструктура и „меките“ цели се поранливи од кога и да е, што бара од државите да развиваат акциски планови и програми.
Клеменс Која, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје посочил дека оваа меѓинародна организација претставува клучен партнер во давањето техничка помош и совети за спроведување на меѓународните антитерористички заложби, поддршка на развојот на акциски планови низ целиот регион. Додаде дека ОБСЕ ќе продолжи да работи на спречувањето и борбата против тероризмот во сите форми.
– УНКТЕД има извршено проценки за земјите низ целиот свет, во име на Комитетот за борба против тероризам, на Советот за безбедност, кој ни овозможи да идентификуваме добри практики во напорите на државите за заштита од терористички напади на критичната инфраструктура и меките цели, но има дополнителна потреба за размена на искуства и научени лекции меѓу државите, вклучително и на регионално ниво, што е една од главните цели на овие работилници “, истакнала Ана-Марија Сисма, правен службеник во УНКТЕД.
Говорниците и учесниците, како што се посочува во соопштението, ја потврдиле потребата за мулти-агенциска соработка на сите нивоа.
Фејзо Нуманај, в.д. раководител на Одделот за акција против тероризмот посочил дека „обезбедувањето на национална отпорност сега стана меѓународна одговорност и ОБСЕ е во добро позиција да дејствува како регионален олеснувач и мултипликатор, нудејќи платформа за размена на добри практики и експертиза“.
ОБСЕ во 2020 година планира да спроведе дополнителни регионални работилници, во областите во кои делува, во соработка со меѓународни и регионални партнери, како дел од двегодишниот Акциски план склучен неодамна со УНОКТ.
Ново на Сител
-

Турчин во Скопје со возило удрил во контејнер, па во друго возило, и пробал да избега од полицијата
-

Лавров: Русија и САД го продолжуваат билатералниот дијалог, но не со посакуваното темпо
-

38-годишник од Скопје со возило удрил во полицаец и го повредил
-

За два дена, во Скопје приведени 10 лица кои поседувале дрога, најмладиот има 14 години
-

Јаневска: Учебниците се решен проблем, има систем и следната година нема да „прогледуваме низ прсти“
-

Кривична за лице од дебарско, вршел такси превоз без лиценца
-

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами
-

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица
