Регионален одбор на СОНК Тетово: Штрајк во 30 училишта, притисоци нема
Регионалниот одбор на Синдикатот за образование и наука и култура за Тетово информира дека во сите 30 училишта каде наставниците се членови на синдикатот непречено го одржуваат предупредувачкиот штрајк.
– Се се одвива според најавеното, предупредувачки штрајк има во 30 училишта каде што имаме наши членови. Нема притисоци, а имаме информации дека и оние кои не се членови на Синдикатот се солидаризираат и не одржуваат настава. Наставниот процес продолжува од утре според редовните програми, изјави претседателката на одборот, Теута Сејфулаи.
Од тетовскиот одбор потсетуваат дека наместо предупредувачкиот штрајк наредниот месец може да има генерален штрајк.
-Мотивацијата е ниска кај наставниците, далеку се од порсечната плата во државата. Потребна е погоелем сигурност исто така бидејќи се намалува бројот на ученици и часови. Нема кариерно унапредување и многу други проблеми, објаснува генералниот секретар на тетовскиот одбор Зоран Грковски.
Од општина Тетово соопштија дека таму каде што е побарано во училиштата се обезбедени простории за одвивање на штрајк според законските одредби. Синдикалните организации ги информирале училиштата и се почитува нивното право на штрајк, изјави Ахмед Ќазими, раководител на Секторот за јавни дејности при општина Тетово. На подрачјето на општина Тетово од утре се очекуваат со настава да почнат над 1100 првачиња како и 1700 средношколци во прва година.
Ново на Сител
-
Македонија води на полувреме против Словенија
-
Без струја утре делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров
-
Челси не сака да го задржи Санчо
-
Стани мастер на својот ум | Кристина Дескоски | Личен развој | Sitel Podcast 085
-
Обвинителството соопшти дека поради намален ризик од бегство Јахоски добил куќен притвор во случајот за набавка на мазут
-
Жена удрила 18-годишно девојче со автомобил, па избегала
-
БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан
-
Приведен 74-годишен маж од Скопје, бил агресивен кон полицајци