Реформистите и умерените водат на изборите во Иран

Прелиминарните резултати од парламентарните избори во Иран денеска покажуваат дека ниту една од трите политички фракции, колку што се натпреваруваа, нема да освои мнозинство во 290-члениот Парламент, но според бројот на гласови, водат реформистите и умерените конзервативци, пренесе Танјуг.
Прелиминарните резулати од вчерашното гласање се уште не се официјално објавени, а конечните резултати ќе бидат познати дури за неколку дена, но полуофицијалните новински агенции Фарс и Мехр, покажуваат дека „тврдокорните“ елементи се главни губитници.
Вчерашното гласање за нов состав на иранскиот Парламент и моќното свештеничко тело познато како Собрани на експертите беше прво откако Техеран постигна нуклеарен договор со светските сили минатата година.
Избирачките места во Иран беа затворени синоќа, откако гласањето беше повеќепати продолжувано поради високата излезност на избирачите, објави државната телевизија, повикувајќи се на Министерството за внатрешни работи.
Гласале 60 отсто од речиси 55 милиони Иранци со право на глас.
Ново на Сител
-

Зеленски: Американскиот документ за безбедносни гаранции за Украина е подготвен
-

СВР Битола поднесе кривична пријава за измама со лажна сообраќајна несреќа
-

Повеќе од 700.000 домови без струја поради снежно невреме во САД
-

Mалолетник со возило удрил во друго возило и пешак кој се бори за живот
-

ССМ со протест бара зголемување на работничките плати од најмалку 6.000 денари и минималец од 600 евра
-

Премиерот Рама и порача на албанската опозиција: Државата не потклекнува пред насилството и вандализмот
-

Ѓоковиќ без борба четвртфиналист на Австралија опен
-

Мицотакис: Европа мора да биде обединета, да ги брани меѓународното право и суверенитетот на земјите-членки
