Референдум за одбележување на 9 јануари како роденден на Република Српска

Во Република Српска денеска се одржува референдум, прв во дејстонска БиХ, на кој граѓаните ќе се изјаснат дали сакаат 9 јануари во иднина да се одбележува како Ден на Републиката во РС.
Официјалните претставници на РС ги повикаа граѓаните масовно да излезат на избирачките места и достоинствено да одлучат дали сакаат 9 јануари да биде роденден на Република Српска.
Право на глас имаат 1.219.399 граѓани, кои ќе се изјаснуваат на околу 1.900 гласачки места.
Оние граѓани на РС, кои денеска ќе бидат во Србија, ќе можат да го исполнат своето гласачко право во Белград, Нови Сад, Зрењанин, Суботица и во Панчево. Освен во Србија, граѓаните на РС ќе можат да гласаат и во Австрија, Белгија, Русија, Германија и Швајцарија.
Според најавите на Комисијата за спроведување на реферндумот, првите прелиминарни резултати ќе можат да се очекуваат во текот на ноќта.
Референдумот има советодавен карактер, односно дава мислење за актот кој дополнително ќе биде донесен во Парламентот на РС, согласно мнозинското изјаснување на граѓаните, а по гласањето тој ќе биде обврзувачки.
Референдумот ќе се одржи во атмосфера на зголемени тензии меѓу Бања Лука и Сараево, имајќи превид дека Уставниот суд на БиХ, кој раководството на РС не го признава, донесе одлука дека ова гласање е неуставно.
Против одржувањето на референдумот се и претставници на меѓународната заедница, ЕУ, Советот за имплементација на мирот во БиХ, државниот врв на Хрватска и на Србија, додека Русија е единствена која го поддржува.
Ново на Сител
-

Докторот на репрезентацијата на Данска кажа за состојбата на Ериксен откако ја изгубил свеста
-

Флорентино Перез останува претседател на Реал
-

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4.8 %, а цените на мало за 5.6 %
-

До четврток претпладне сончево, попладне со услови за локален дожд
-

Уапсен косовец, превезувал брендирана стока без документација
-

Истражување: ГЛП-1 лековите за слабеење го намалуваат ризикот од рак за 41 отсто
-

Зеленски ја променил рутата на патување кон Европа поради тензии со Полска
-

Туристи плаќале до 20 евра за влез во Куклите во Кратово, гакораѓаните реагираат за незаконска наплата
