Loading Video...
Свет
21. May 2023 - 16:32

Речиси десет милиони граѓани со право на глас денеска излегуваат на парламентарните избори во Грција

Речиси десет милиони граѓани со право на глас денеска излегуваат на парламентарните избори во Грција. Гласачките места се отворени во седум часот утрово, а гласањето како и кај нас трае 12 часа.

На овие избори за прв пат гласат Грците кои живеат во странство, право на глас имаат сите кои наполниле 17, а не 18 години како што беше до сега, а распределбата на мандатите ќе бидес поред пропорционален изборен модел без бонус од 50 пратеници за победникот. За влада ќе бидат потребни 151 пратеник.
Фаворит е актуелниот премиер Мицотакис и неговата Нова Дмократија, додека опозицијата ја предводи поранешниот премиер Ципрас и неговата Сириза која според анкетите заостанува околу 7 проценти.

Лидерите на групата Г7 ја потврдија поддршката за Украина против како што тие велат, руската агресија. На состанокот се приклучи и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се сретна со американскиот претседател Џо Бајден. Средбата помина во сенка на информациите дека руските сили целосно ја преземале контролата на градот Бахмут

Украинските власти подоцна демантираа дека Русија има целосна контрола во Бахмут.

Најмалку 10 луѓе се убиени а уште 9 повредени кога непозната група вчера доцна вечерта по локално време, дошла со комбе и отворила оган врз присутните на автмобилски трки кои се одржувале во Баха Мексико.

Националната гарда целосно го затвори градот а надлежните служби работат на пронаоѓање на напаѓачите. Нема официјални информации која е причината за нападот но се претпоставува дека е поврзан со нарко картелите.