Реал (М): Сусо на местото на Бејл
Реал Мадрид го губи трпението со Герет Бејл, кој поради честите повреди никако не може да ја достигне вистинската форма, поради што во јануари ќе се обиде да донесе замена на неговата позиција.
Како што пренесува „Калчомеркато“, желба на челниците на актуелниот европски првак е крилниот напаѓач на Милан, Сусо.
Бејл откако одигра неколку натпревари во серија, постигна и гол против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите, го пропушти натпреварот со Еспањол во Ла Лига, а поради недоволна физичка подготвеност не е во составот на репрезентацијата на Велс на двата клучни квалификациски натпревари, со Грузија и со Република Ирска.
Поради честите повреди, челниците на Реал започнале да го губат трпението со фудбалерот кој е платен речиси 100 милиони евра, иако Велшанецот сè уште ја има довербата од тренерот Зинедин Зидан.
„Калчомеркато“ најавува дека Реал во јануари ќе тргне по шпанскиот крилен напаѓач на Милан, Сусо.
Сусо зад себе има одлична сезона, во која беше меѓу најдобрите играчи на Милан, поради што клубот летово го обнови неговиот договор во кој е вметната откупна клаузула од 40 милиони евра.
Оваа сума не претставува проблем за Реал, а кого исто така нема да претставува проблем ниту евентуланиот трансфер на Бејл бидејќи за Велшанецот се заинтересирани неколку тимови од Премиер лигата, а најмногу Манчестер Јунајтед.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот