Реакција на Спасов на ставовите на Ременски за одлуката на Управниот суд
Ја разбираме конфузијата на Фросина Ременски од тоа што нејзиното време како технички министер за труд и социјална политика одминува и со секоја изјава и потег се повеќе ја разоткрива својата улога во служба на партиските интереси.
Тоа го наведува дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика Диме Спасов во реакција на реакцијата на Ременски на одлуката на Управниот суд.
Според Спасов, Ременски ќе биде запаметена по, како што наведува, „хаосот кој го направила, по политичките притисоци и реваншизамот кој го врши врз вработени и одговорни лица во институциите под МТСП“.
- Ременски со паушални изјави и неточни информации не може да се скрие зад незаконските дејствија што ги прави во континуитет. Од нејзината денешна реакција секој граѓанин може да заклучи дека аргументите кои се дадени се најмалку правно издржани. Ова е еден од многуте обиди да се погази Законот по кој таа е назначена. Техничката министерка ја манипулира јавноста и делува деструктивно во Министерството и институциите во состав така што исполнува партиски наредби со незаконско назначување на кадри на СДСМ и си поигрува со вработените кои се докажани во својата работа, се вели во реакцијата.
Ново на Сител
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”
-
Халанд и Ортега го доближија Сити до шампионската титула
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево
-
Жалби до Управниот суд за изборните приговори, прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди
-
Во голем пожар во пристаништето Медулин уништени над 30 јахти | ВИДЕО
-
Без струја делови од Чаир и Аеродром
-
Нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина за забраната за користење на динарот на Косово
-
Путин го поддржува кинескиот план за мирно решавање на кризата во Украина