Македонија
23. October 2019 - 17:32

Реакции на охриѓани по реконструкцијата на школски кров

Невнимателното отстранување на азбестниот кров од основното училиште Христо Узунов ги крена на нозе родителите.Тие велат дека замената на азбестните плочи се врши без запазување на стандардите ,таблите се фрлаат од покривот во дворот на училиштето при што се кршат и се шири прашина од азбестни влакна кои се штетни по здравјето а остатоците од оваа опасна материја се оставени и прекриени со најлон . Родителите не сакаа да зборуваат пред камера но се загрижени за своите деца па некои некои од нив не ги пуштаат на настава.

Азбестот, или попознат како тивкиот убиец, е канцероген и влијае врз здравјето на луѓето а може да предизвика азбестоза, рак на белите дробови и на грлото.

Реакции од родителите стигнале и до санитарниот инспекторат. Од таму велат дека внимателно ќе ги разгледаат претставките но не откриваат како ќе постапат понатаму.

Од локалната пак на став дека ќе се врши 24 надзор врз работењето а изведувачот бил опоменат азбесните табли со помош на механизација да се товарат во камиони и да се одложат на безбедно место додавајќи дека таблите се демонтираат за викенд кога учениците не се на настава.

Инаку покрај промената на покривната конструкција на училишниот објект на „Христо Узунов во тек е замена на азбестните кровови на уште две основни училишта во градот .