Развојна банка повлече уште 5 милиони евра за евтините кредити за домашни компании
Денес, Развојна банка на Македонија АД Скопје повлече уште 5 милиони евра за евтини кредити за домашните компании. Заклучно со оваа транша, досега се повлечени вкупно 30,6 милиони евра од вкупно 50,9 милиони евра предвидени како евтини кредити за домашните компании.
Шестата транша од кредитната линија ЕИБ фаза 5 која ја користи Развојна банка, е одобрена за нови 8 проекти на домашни компании. Со ова, досега на вкупно на 113 домашни компании преку шест комерцијални банки им се овозможи да користат евтини кредити со каматна стапка до 1,6%. Овие 113 домашни компании ќе поддржат вработување на вкупно 222 лица.
Најголем дел од овие средства, 35% или 10,7 милиони евра се одобрени за проекти во секторот производство. Дваесет и два отсто од средствата или 6,9 милиони евра се одобрени за секторот трговија, додека 13% или 4 милиони евра се одобрени за проекти во секторот угостителство. За секторот транспорт се одобрени средства во износ од 3,5 милиони евра или 11%, за секторот услуги се одобрени 2,6 милиони евра или 9%, додека за секторот здравство се одобрени средства од 0,6 милиони евра. За други сектори се одобрени вкупно 2,3 милиони евра или 8%.
На почетокот на месец септември ќе биде повлечена и последната, седма транша од ЕИБ кредитната линија во износ од околу 20 милиони евра.
Досега, од кредитната линија ЕИБ фаза 5 која изнесува 100 милиони евра се повлечени шест транши во вкупен износ од 79,7 милиони евра со кои се поддржани 259 проекти на домашни компании со кои се вработуваат 706 лица.
Ново на Сител
-
До недела променливо време со повремен дожд, а потоа стабилно и топло до 35 степени
-
Зголемен бројот на обвинети и осудени лица во 2024 година
-
Претрес во гостиварско, пронајдена пушка и куршуми
-
Сиљановска Давкова: Казахстан е респектабилен играч на економската и дипломатската сцена, чиј најголем трговски партнер и инвеститор е ЕУ
-
Повредените во „Пулс“ реагираат поради најавено заминување на докторка од Општата болница - Кочани
-
Словачка дозволи лов на кафеави мечки, месото барано и понудено за јадење
-
Возел со 3,43 промили алкохол во крвта, уапсен 49-годишник од демирхисарско
-
На швајцарските Алпи се отцепи дел од глечер и затрупа село | ВИДЕО