Разрешен началникот на словенечкиот Генералштаб
Словенечката Влада денеска го разреши од должноста началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Словенија, генерал-мајорот Андреј Остерман, откако елитниот баталјон на словенечката Армија минатата недела покажа лоши резултати на воената вежба за нејзината борбена подготвеност.
Владата воедно реши на местото на Остерман да го постави неговиот досегашен заменик Алан Гедер.
Околу 800 војници на словенечкиот елитен баталјон минатата недела изведоа вежба на полигонот „Почек“ за оценка на нивните капацитети и способност, но резултатите покажаа дека до 1 април тие нема да бидат подготвени за оперативно дејствување.
Како што претходно јави МИА, телевизијата ПОП-ТВ во вторникот информираше дека поради неуспешната вежба дошло до кавга меѓу словенечката министерка за одбрана Андреја Катиќ и генерал Остерман.
Катиќ за ПОП-ТВ изјави дека има проблеми во комуникацијата со Генералштабот и со одделни генерали, додавајќи дека од медиумите дознала детали за резултатите од проверката на борбената подготвеност на единицата.
Таа изрази огорченост и загриженост затоа што не била на време информирана за лошите резултати на вежбата.
ПОП ТВ обајви дека она што словенечките сојузници од НАТО го видела на полигонот „Почек“ повеќе потсетувало на првоаприлска шега.
- Војниците не знаеја да маневрираат во простор, а опремата обезбедена од Министерството за одбрана се покажа како лоша. Имаше чизми на кои им отпаѓаа ѓоновите, а повеќе војници поради смрзнатини мораа да побараат помош од санитетската служба и лекарите, тврди ПОП-ТВ.
Според телевизијата, сите овие проблеми би можело да го доведат во прашање и идното учество на словенечката војска во мировните операции на НАТО.
Ново на Сител
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
