Разбојник ја врзал со телефонски кабел за да ја ограби - велешанка преживеа пекол
Жената му рекла да си оди и дека нема пари. Во тој момент, осомничениот го исекол кабелот од фиксниот телефон и ја врзал жената. Од ташна во плакарот одзел 9000 денари и си заминал. Жената успеала да се ослободи и да се јави во полиција.
Лицето е осомничено дека со фантомка на главата на вчера влегло во куќа кај жена на возраст од 80 години и и вперило пиштол, барајќи пари.
Жената му рекла да си оди и дека нема пари. Во тој момент, осомничениот го исекол кабелот од фиксниот телефон и ја врзал жената. Од ташна во плакарот одзел 9000 денари и си заминал. Жената успеала да се ослободи и да се јави во полиција.
Лицето е лишено од слобода, по што е извршено и препознавање од страна на оштетената. По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, судија на претходна постапка на осомничениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.
Ново на Сител
-

Ноќните температури во Атина синоќа достигнаа и до 33 степени
-

СПМ: Македонија не е предмет на бугарски историски диктат
-

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн
-

Европската комисија одобри 6,1 милијарда евра помош за одбраната на Украина
-

Сирија и Израел одржале разговори со посредство на САД за намалување на тензиите
-

Почнува судењето против Груби и седум други лица за злоупотреби во „Државна лотарија“
-

Активни четири пожари и четири под контрола
-

Владата на Нов Зеланд иницира процедура за забрана за користење социјални мрежи за лица под 16 години
