Разбиена меѓународна мрежа на шверц со дрога во Солун и запленети 324 килограми кокаин
Грчката полиција во Солун разби меѓународна мрежа за шверц на дрога, уапси три лица и заплени 324 килограми чист кокаин што бил наменет за грчкиот „пазар“, јави дописничката на МИА од Атина.
Од полицијата соопштуваат дека улогата на уапсените, на возраст од 35 до 37 години, била да ја преземат дрогата и понатаму да ја продаваат во Грција.
Паралелно, идентификувано е уште едно лице, кое успеало да побегне и по кое трага полицијата.
Според „Катимерини“, уапсените се двајца Албанци, од кои еден со грчки пасош и еден Хрват, немале криминално досие, додека, пак, Албанците биле активни во хотелски бизниси на островот Родос.
Весникот пишува дека дрогата веројатно пристигнала од Латинска Америка, а проценките на полицијата се дека со фактот што станува збор за чист кокаин, количината тројно ќе се зголемела по додавањето состојки, а профитот ќе достигнел до 100 милиони евра.
Во претресот направен во два автомобила и во станот во кој престојувал еден од уапсените, полицијата заплени 324 килограми чист кокаин распределен во 256 пакувања, 5.265 евра поврзани со трговијата на дрогата, пет мобилни телефони и лап топ.
Ново на Сител
-
Во Лондон евакуација на домаќинства поради радиоактивен отпад пронајден во вреќи
-
Започнаа сослушувањата во Обвинителството на уапсените за трагедијата на железничката станица во Нови Сад
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи состанок на 26 ноември поради рускиот напад со експериментална хиперсонична ракета
-
69 - годишна жена е жртвата во синоќешната собраќајна несреќа во Чаир
-
Затворена американската Амбасада во Лондон поради сомнителен пакет
-
Утре повремен снег претежно во западните делови
-
Голоб: Словенија целосно ќе ги почитува налозите за апсење на МКС
-
Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи