-->
-->
Раул: Многу важна победа
-->

По четвртиот добиен натпревар во групата во Лигата на шампионите македонскиот првак Вардар со максимални осум бодови е на делба на првата позиција со европскиот шампион Киелце. Вчера беше извојувана победа над ПИК Сегед од Унгарија со 30:27.
На прес конференцијата тренерот на Вардар, Раул Гонзалез изјави:
- ПИК Сегед одигра добар натпревар. Ние не почнаме најдобро во натпреварот, имавме проблеми со одбраната. Во вториот дел ја сменивме, а Милиќ кој беше одличен на голот направи разлика. Сепак ова беше тежок дуел за нас. Задоволен сум од победата, но мораме да продолжиме и треба да триумфираме во Загреб.
Тимур Дибиров беше најефикасниот играч на натпреварот со осум голови. По дуелот изјави:
- Секогаш кога се игра против ПИК Сегед е тешко. Тоа е екипа која тешко се добива со поголема разлика. Нас не не интересира разликата, важни се победите, а победивме голема екипа. За нив е проблем дека имаат 11-12 нови играчи.
Тренерот на гостите Хуан Карлос Пастор изјави:
- Мислам дека одигравме добар натпревар, но сепак недовлоно добро да се совлада Вардар. Секој натпревар во оваа група е тежок, а овој беше посебно тежок за нас. Им честитам на Вардар за победата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривична за лице од дебарско, вршел такси превоз без лиценца
-

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами
-

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица
-

Дијана Хрка му одговори на Вучиќ на повикот за разговор
-

Ѓорѓиевски: Нашето убаво Скопје - чисто и достоинствено
-

Најстудено во Крушево, најмногу дожд во Охрид
-

Изминатата недела АХВ заплени и уништи приближно 37 тони храна со поминат рок на употреба
-

Трката за наследник на Трамп во 2028 година се вжештува, а еден републиканец има огромна предност
