Македонија
3. August 2024 - 16:31

Расте интересот кај штипјани за ХПВ вакцинација, од јуни достапна и за момчињата

Расте интерсот кај младите штипјани за вакцинација против Хуман папилома вирусот или попозната како ХПВ вакцина. Овој вирус е најчесто пренесувано полово заболување, а новиот стил на живеење ја наметнува потребата од навремена имунизација.

- Инфекцијата најчесто поминува асимптоматки, што значи дека партнерот и без да знае може да ја пренесува на други лица. Одредени типови на ХПВ вирусите предизвикуваат рак на матката, вулва, анус, пенис и вагина, изјави д-р Дијана Коцева Миланова, ЈЗУ „Здравствен дом“-Штип

Најефикасен начин за превензија е преку вакцинација, која во нашиот календар е предвидена на 12 годишна возраст. 

- Од јуни оваа година, наместо четири валентна вакцина, како што беше досега, ние применуваме девето валентна вакцина со што сме во чекор со високо развиените земји. Дуга промена е што освен за девојчињата, вакцината сега е предвидена и за машки деца. Најдобар начин за примање на вакцината е кај младата популација пред да започне со активен (сексуален) живот за д аможе да стекне имунитет, пред да настане експозиција на вирусот, додаде Коцева Миланова

Во однос на заштитата и ефикасноста на деветовалентната вакцина, достапни се податоци базирани на емпириски сознанија од повеќе од една деценија. Последните две години, освен младите и постарите граѓани се имунизираат од ХПВ вирусот.