Расчистено разбојништво во Прилеп, кривична пријава за пет лица

Секторот за внатрешни работи Битола – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, во соработка со Единицата за имотен и насилен криминал од Секторот за општ и насилен криминал од Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност, до Основното Јавно обвинителство во Прилеп поднесе кривична пријава против Д.П. (41), М.А. (35) и У.П. (38), сите од Република Србија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво” и против лицата М.К. ( 44) и В.Т. ( 44) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање”.
МВР денеска соопшти дека на 25.12.2019 год околу 08.45 часот додека вработената во златара „Буба Мара“, лоцирана во старата градска чаршија во Прилеп, го поставувала излогот, второпријавениот го скршил стаклото од влезната врата со помош на чекан и влегол внатре, а по него и првопријавениот, кој вперил пиштол кон вработената и почнал да го собира златниот накит од излогот и од сефот во кој имало и торбичка со пари. Потоа, заедно со третопријавениот, кој ги чекал пред дуќанот избегале со возило „форд фиеста“. Четвртопријавениот им помагал така што им обезбедувал сместување, храна, мобилни телефони и друга логистика додека тројцата го подготвувале кривичното дело. Петтопријавениот, исто така, им помагал со прикривање на возилото и друга логистика.
Во соопштението стои дека М.К. и В.Т се приведени и предадени на ОЈО.
Ново на Сител
-

Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври
-

УХМР: Утре пороен дожд, грмежи и локално невреме
-

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
