Свет
23. January 2017 - 9:58

Ранет полицаец во престрелка во Белфаст

Северноирски полицаец беше ранет од огнено оружје во Белфаст во напад, кој е означен како терористички.

Полициската федерација на Северна Ирска соопшти дека нејзин припадник бил ранет во терористичка претстрелка во Белфаст. 

Престрелката се случила на бензиска станица во северниот дел на градот. Полицаецот бил примен во болница, но тој не е во животна опасност.

Властите приведоа 36-годишен маж, осомничен за нападот. 

Ситуацијата во Северна Ирска е тензична поради актуелната политичка криза. Во британскиот регион ќе се одржат избори во март по распадот на коалицијата меѓу ирските националисти од Шин Фејн и Демократската унионистичка партија.