Рама: Албанија целосно се отвора до крајот на мај
Албанскиот премиер Еди Рама денеска најави целосно отворање на Албанија до крајот на овој месец, додавајќи дека земајата почнува со подготовка за туристичката сезона.
-Во текот на месец мај, нашата земја ќе биде целосно отворена. Албанските граници ќе бидат отворени. Ќе почнеме да се подготвуваме за туристичката сезона, рече Рама од собраниската говорница на денешната пленарна седница на Парламентот во Тирана.
Тој не ја отфрла можноста од втор бран на пандемијата со Ковид19.
-Можен е втор бран на пандемијата, а доколку тоа се случи тој ќе биде потежок од оној низ кој поминавме. Дури и за нас, ако се повторат работите, мора да се соочиме со сериозноста ,како што и се соочивме, рече тој.
Од понеделникот во Албанија стапи во сила втората фаза од олеснителните мерки, со кои по повеќе од два месеца, се отворени баровите, рестораните, кафулињата, музеите,библиотеките.
Инаку, албанската Влада, вонредна состојба, поради „природна непогода“ на целата територија на земјата, прогласи на 24 март и тоа за период од 30 дена, додека албанскиот Парламент истата ја продолжи до 23 јуни.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ова е победа на вербата, надежта, копнежот за иднина
-

Тони Тоневски е новиот градоначалник на Пробиштип
-

Коалиција ВРЕДИ: Со освоените општини станавме втора политичка сила во државата
-

Филипче: Овие избори се патоказ за иднината на СДСМ, не размислувам за оставка
-

Орце Ѓорѓиевски е нов градоначалник на Скопје
-

Пораз за Дехари и ДУИ во Кичево, Александар Јовановски прогласи голема победа
-

Максим Димитриевски слави во Куманово | ВИДЕО
-

Лукровски прогласи победа: Денеска не победувам јас, победува Карпош
