-->
-->
Ракитиќ донесе победа за Барса
-->
Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ беше стрелец на единствениот гол со кој Барселона ги освои сите три бода на секогаш непријатните гостувања кај Атлетико Билбао, овојпат во второто коло од шпанското фудбалско првенство.
Во 21 минута турскиот репрезентативец Арда Туран од левата страна ја префрли топката пред голот каде што Иван Ракитиќ со удар со глава од седум-осум метри го погоди десниот агол од голот на немоќниот домашен голман Горка Ираизоз.
Барселона на овој меч имаше многу добри можности да го зголеми водството, но тандемот Лионел Меси и Луис Суарез, како и еднаш Арда Туран, не погодија од позиции од кои вообичаено „не простуваат“.
За разлика од Барселона, фудбалерите на Лас Палмас беа многу мотивирани и расположени па со 5-1 ја совладаа Гранада, со што заседнаа на врвот од табелата на Примера со подобра гол разлика и максимални шест бодови пред двата шпански гигната.
Двоен стрелец беше Ел Захр, во 23 и 69 минута, а по еден гол постигнаа Кевин-Принс Боатенг во 51, Момо во 72 и Серхио Араухо во 85 минута. Почесниот гол за гостите со кои остварија солидни 1-1 на полувремето, го постигна Бога во 45 минута.
Алавес, пак, без голови ремизираше на свој терен во дуелот со Спортигн Хихон.
Подоцна започна мечот меѓу Виљареал и Севиља.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата
-
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава
-
Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра
-
Намалени производството и продажбата на шумски производи
-
Тинејџерка со автомобил излетала од патот, тешко повредена сопатничката
-
За 216,2 отсто зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Закани кон претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска, пријавено во МВР
-
Совет на Европа: Македонските затвори се почисти, но во нив и натаму има корупција и лош третаман