Ракацоли: Во Албанија и официјално епидемија на морбили
Заменик-министерката за здравство Мира Ракацоли изјави дека Албанија и официјално е во состојба на епидемија на сипаници.
Таа во емисијата „Топ шоу“ на тиранската телевизија „Топ чанел“ изјави дека има зголемување на бројот на заболените и сомнителни случаи.
- Официјално сме во епидемија на морбили, бројките секојдневно растат. Имаме 186 заразени и најмалку 400 други сомнителни или се врши анализа на земените мостри, истакна Ракацоли.
Таа додаде дека она што посебно ги загржува албанските бели мантили е фактот што 70 отсто од заразените се бебиња до една година, типологија што не се случила во ниту една од европските земји каде имало епидемија на мали сипаници.
- Она што останува нејасно е фактот дека во Албанија речиси 70 отсто од заразените деца се на возраст до една година, додека во ниту една од европските земји каде има епидемија ја нема оваа физиономија. Ги испитуваме причините што се поврзани со фактот дека мајките на овие деца можно е да се родени во 80-тите или 90-тите години од минатиот век, или можеби не ги доеле, нагласи Рацаколи.
Според неа Мнстерството за здравство е во состојба на готовост за да се справи со секоја ситуација.
Инаку, во Албанија регистриран се два смртн случа како последца од морбили тоа едно четримесечно и едно осуммесечно бебе.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници