Рaдиоактивен облак минува низ Македонија!

Облак со нискo ниво на радиоактивност минаува низ дел од Балканот и Европа во последниве две недели. Ова го тврдат податоците на Францускиот институт за нуклеарна безбедност ИРСН.
Според нивната студија, радиоактивниот радионуклид Рутениј-106 бил содржан во облакот кој има неконтролирано движење, јавува британски „Гардијан”.
Како што наведува угледниот британски магазин засега причината за радиоактивноста е резултат на инцидент во нуклеарна постројка во Русија или Казахстан, што се случил кон крајот на септември.
Извештајот од француската агенција ИРСН обезбедува детални информации за движењата на радиоактивниот облак од тогаш па до денес. Агенцијата објаснува дека содржината на Рутениум-106 е над нормата, но е далеку под праговите надвор од кои може да биде закана за човековото здравје и за животната средина.
Француската агенција ИРСН во исто време, дистрибуира и мапа која покажува каде радиоактивниот облак минува. На мапата јасно се гледа дека радиоактивниот облак покрај централните делови на Европа ја зафаќа и Србија нашиот северен сосед, што останува не јасно дали честичките од опасниот облак во мали количини навллегол и во македонското небо. Во меѓувреме агенцијата е цврсто убедена дека ова не би можело да биде инцидент на нуклеарна енергија.
ШТО Е РУТЕНИУМ?
Рутениумот е хемиски елемент со симбол Ру а неговиот атомски број е 44. Тој спаѓа во ретката група на транзциони метали кои припаѓаат пак на платниумската група од елементи на Периодниот систем на елементи. Како и сите метали на платнумската група, рутениумот е интертен на повеќето хемиски процеси.
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
