Ракомет
7. May 2016 - 22:20

Радичевиќ: Треба да се срамиме

Ракометарките на Вардар и во третиот обид да стигнат до финалето на Лигата на шампионите се запрени во полуфиналето. Претходно во дванаврати беше Будуќност, а денеска Букурешт.

- По ждрепката сите не видоа веќе во финалето. Никој не мислеше за полуфиналето. Но, ние загубивме од тим кој е составен од добри играчи кои знаат да играат ракомет. Ние треба да се засрамиме  и да не бараме изговор. Ние не одигравме како што се договоривме во соблекувалната, изјави Јованка Радичевиќ која постигна два гола.
 
Вардар утре во терминот од 15:15 часот ќе игра против европскиот првак Будуќност.