Работилница за современ танц на ФМУ
На Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (ФМУ), од денеска до 21 март ќе гостува проф. Урша Рупник, кореограф од Словенија која ќе одржи работилница за студентите од студиската програма за балетска педагогија – современ танц од класата на вонр. проф. д-р Искра Шукарова од ФМУ, како и за ученици од средниот оддел – класичен балет и модерен танц од Државниот музичко-балетски училишен центар „Илија Николовски-Луј“ во Скопје.
Работилницата ќе се реализира во салите на Државниот музичко-балетски училишен центар „Илија Николовски-Луј“ и во студиото „Брејк а Лег“, а соработката со Рупник е резултат на размената помеѓу УКИМ ФМУ и Вишата балетска школа КГБЛ во Љубљана (www.kgbl.si) во рамките на програмата за мобилност на наставен кадар Еразмус+.
Урша Рупник работи како кореограф со етаблирани уметници од современата танцова сцена во Словенија како Росана Хрибар, Грегор Луштек и Матјаж Фариќ, но има реализирано повеќе кореографски проекти и на современата интернационална танцова сцена. Последната деценија таа е асистент на етаблираниот кореограф Џо Алегадо (САД), со кого соработува како педагог, танчар, кореограф и е дел од неговата танцова компанија во Прага.
Рупник со студентите ќе работи на синтеза на современите и модерните танцови техники, основани врз нејзиното искуство како танчар и кореограф. Таа е инспирирана од работата со Алегадо и неговиот истражувачки принцип. Рупник истражува како движењата од рацете го иницираат движењето на телото во просторот создавајќи уникатна танцова динамика.
Гостувањето на проф. Рупник на ФМУ се надоврзува на низата успешни проекти на студентите на студиската програма за балетска педагогија – современ танц во рамки на нивната практична настава, иницирани и предводени од кореографот и вонр. професор на ФМУ, д-р Искра Шукарова, и реализирани во текот на 2018 година. Минатата година студентите имаа можност да работат со кореографите Урсула Еагли и Чарлс Слендер Вајт (САД), Грегор Камникар (Словенија) и Андреа Ситер (Франција).
Покрај ова, во август оваа година вонр. проф. д-р Шукарова е поканета да гостува во САД како предавач во проектот Earthdance (www.earthdance.net) во рамки на интернационалната програма за кореографи и педагози. Проектот е поддржан од мрежата Global Practice Sharing (САД), во која Шукарова е член од основањето.
Ново на Сител
-
Политичарите уживаат во мешана скара | Цветанка Арсоска и Весна Анчевска | Sitel Podcast 093
-
Од денеска со „Виз ер“ летови до Барселона и Лион
-
Најмалку седум загинати и 20 повредени во бомбардирање болница и аптека во Јужен Судан
-
Скопјанец ја убил сопругата, приведен на Табановце при обид за бегство
-
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-
Пpeд конклавата во Рим исполнети 90 отсто од сместувачките капацитети
-
Здравствената состојба на Вучиќ моментално е стабилна и задоволителна, тврди доктор Динчиќ
-
Николоски: За две и пол години од денеска ќе имаме автопат по сите прописи и стандарди