Путин со рекореден рејтинг од речиси 90 отсто

Рејтингот на рускиот претседател Владимир Путин достигна рекордна вредност од речиси 90 отсто, покажуваат денеска објавените податоци од истражувањето на јавното мислење во Русија на социолошкиот центар ВЦИОМ, јави ТАСС.
Анкетата покажа дека позитивно мислење за работата на Путин имаат 89,9 отсто од испитаниците, што е нов рекорд. Овој резултат го надминува претходниот рекорд, регистриран во јуни 2015 година, кога рејтингот на Путин изнесуваше 89,1 отсто.
Според експертите на ВЦИОМ, новиот уште повисок рејтинг на претседател е условен пред се од случувањата во Сирија и водушните напади на руската авијација врз позиции на терористите.
Тоа се главните настани изминатата недела според 26 отсто од учесниците во анкетата.
Оценките за активностите на претседателот веќе една и пол година се над 80 отсто, нагласуваат руските социолози.
- Рејтингот на Путин почна да расте пролетта 2014 година во пресрет на новото обединувањето на Крим и Севастопољ со Русија. Во март 2014 година тој достигна 76,2 отсто, во април 82,2 проценти, а во мај 86,2 отсто, нагласува ВЦИОМ.
Анкетата била спроведена на примерок од 1.600 лица во 130 населени места во Русија.
Ново на Сител
-

Дмитриев: Решение за Украина може да се најде брзо ако се испочитуваат три прашања битни за Русија
-

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз
-

Мицкоски: Со поддршката од граѓаните ќе имаме убедлива победа во Демир Капија, за напредок и реализација на многу проекти
-

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина
-

Николоски од Росоман : Проширување на патот што го поврзува Росоман со новиот експресен пат, изградба на влезот во Сирково, поддршка за земјоделците
-

Ердоган: Ниедно политичко или безбедносно прашање не може да се решава без Турција
-

Кина го објави петгодишниот план пред најавената средба Си - Трамп: Справување со надворешните ризици, технолошка самостојност и раст на домашната побарувачка
-

Србија чува најмногу злато од државите од поранешна Југославија
