-->
-->
Путин ја откри тајната на својот успех па порача: Во детството не сонував да бидам лидер
-->
Претседателот на Русија Владимир Путин во саботата за време на средбата со победниците на мегународната училишна олимпијада 2017/2018 во Сочи изјавил дека во детството не мечтаел за тоа да стане лидер. Одговарајќи на прашањето како минувале неговите школски години и дали уште од тогаш се гледал себе си како шеф на држава. Путин прво низ смеа и шега одговорил: „Нормално, видов, спиев и видов“, но потоа преминал на сериозен разговор и тон па опдговорил: Што вие? Нормално, дека не сум мислел дека ќе станам лидер! Зар тоа е можно?
Путин попатно открил дека сакал да учи, и уживал во својот клас кој бил многу добар. „Тоа всушност е најважно“, рекол Путин и додал дека и ден денеска се сеќава на многу наставници на кои им е благодарен за добрината и професионализмот, високата педагошка подготвеност и усмереност на учениците и нивното интересирање.
Според неговите зборови, неговите педагози умееле од учениците да ги откријат нивните потенцијали за иднина.
На прашањето од студент кое лидерско својство му помиогнало да го достигне врвот, Путин изјавил дека тајната во тоа е што се навикнал да ги анализира причините кои му сметаат во постигнувањето на добриот резултат.
- Се навикнав да го анализирам не тоа што ме води до успех, туку тоа што ми смета во постигнувањето на подобри резултати, рекол Путин за време на средбата која беше одржана во Сочи.
Рускиот лидер навел, дека по негово мислење, доколку човек критички се набљудува себе си и својата работа и живот го отрива тоа што му смета да оди напред со самодоверба и брзина.
Путин признал дека во животот најмногу се гордее со успесите на Русија.
- Зборувам без никаква иронија. Секој успех на Русија не само што ме радува туку и ми дава и крилја. Сакам нашата земја и понатаму, и во други правци да постигнува резултати кои за други се невозможни, рекол Путин за време на средбата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило во Гостивар и ќе има одговорност
-

Приведен возач во тетовско, возел без возачка дозвола и предизвикал сообраќајна несреќа
-

Николоски: Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика, ќе биде готов до крајот на летото
-

И Здравје и работа: Време е Македонија да избере развој заснован на знаење и да се реализира проектот за рудникот „Иловица – Штука“
-

Клековски во Гостивар: Се бара причината за зголемениот број на пациенти во Гостивар
-

САД и Ирак потпишаа 48 договори, главно во енергетскиот сектор
-

Илјадници луѓе без вода за пиење во Иран по американските напади
-

Инфантино: Светско првенство 2026 е најдобро во историјата
