Македонија
27. July 2016 - 15:13

Пуштен во употреба проширениот булевар „Партизански Одреди“

На јубилејната 100 годишнина од постоењето на населеното место Ѓорче Петров, денеска во присуство на градоначалниците на општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски, на Град Скопје Коце Трајановски и на претсдателот на ВМРО - ДПМНЕ Никола Груевски, официјално беше пуштен во употреба проширениот модерен булевар „Партизански Одреди“ од кружен тек Порта Влае до црквата „Св. Петар и Павле“.

На овој потег во должина од 500 метри е извршена реконструкција и проширување на постојниот коловоз, со што се добиени 6 сообраќајни ленти, по 3 во двете насоки, со вкупна ширина на коловозот од 21 метар. Извршено е асфалтирање со асфалт од типот „Сплит мастик СМА 16“, со полимер и целулозни влакна, додека вкупната асфалтирана површина изнесува 11 илјади метри квадратни.

Градоначалникот Трајановски во обраќањето пред присутните истакна дека булеварот има средишно зеленило со ширина од 5 метри, од двете страни има велосипедска патека со ширина од 2 метри и пешачка патека со ширина од 3 метри, со вкупна површина на овие велосипедски и пешачки патеки од 5.400 метри квадратни. Поставено е и ново улично осветлување, за што, подвлече тој, се издвоени 2 милиони денари. Реконструкцијата на бул. „Партизански одреди“, нагласи Трајановски, е искористена за изградба на нова атмосферска канализација на потег од 447 метри. За откупените куќи за потребата за проширување на овој булевар, информираше тој, инвестирани се околу 250 илјади евра.

- Градежните работи ги изведуваше ГП „Пелагонија“ од Гостивар, а за неговата изградба Градот Скопје издвои 37,5 милиони денари. Вкупната инвестиција на втората фаза од проектот за пробивање на бул. „Партизански одреди“ изнесува 40 милиони денари, рече градоначалникот Трајановски.

Според него, ангажирањето на Владата на РМ, во соработка со Градот Скопје и општините, придонесува за подобрувањето на инвестициската клима и повисок економски развој во изминатиот период.

На прашањето на лидерот на ВМРО - ДПМНЕ дали се работи на реализација и на други проекти во Општина Ѓорче Петров, градоначалникот Трајановски посочи дека е завршено и проширувањето на бул .„Борис Сарафов“, а почната е и реконструкцијата на бул. „Ѓорче Петров“ и тоа од споменикот на Ѓорче Петров до зградата на Општината.

Дополнително, што е многу важно, истакна Трајановски,  со владина помош преку Министерството за внатрешни работи се гради нова полициска станица позади пазарчето. Овој проект, за изградба на нов објект во кој ќе бидат сместени и полициска станица и пожарна, потсети Груевски, беше почнат од пред повеќе од една година. 

- Ни помогнавте со тоа што пожарната ни ја правите, ние го правиме сега пристапниот пат заедно со градоначалникот на Ѓорче Петров и сакаме да ја срушиме таа полициска  станица и пожарна, така да ул. „Македонска војска“ биде исправена пред црквата, појасни градоначалникот на Град Скопје, на што претседателот на ВМРО - ДПМНЕ се пошегува дека „Македонска војска како и да е треба да биде исправена“.

Градоначалникот Митревски, заблагодарувајќи им се за поддршката на град Скопје и на Владата, потенцира дека со овој и другите реализирани капитални проекти, Општина Ѓорче Петров добива нов урбан и современ изглед.

- Општината расте - се реновирани училишта, градинки, изградени се нови улици, се град