ПСЖ подготвен да го врати Тухел
Претставници на ПСЖ се подготвени да преговараат со поранешниот тренер на тимот Томас Тухел околу негово можното враќање во Париз, пренесе „Evening Standard“.
Четириесет и деветгодишниот германски фудбалски стручњак може да побара одредени гаранции: да се фокусира на својата работа како менаџер без премногу да се вклучи во трансфер работи, но и да може да носи одлуки за тимот без совет од надвор.
По заминувањето од ПСЖ, Тухел застана на чело на Челзи, со кого ја освои Лигата на шампионите шест месеци по неговото назначување. На стартот од оваа сезона тренерот доби отказ од англискиот клуб, па сè уште е без работа.
Претходно беше објавено дека во раководството на парижаните не сите ја поддржуваат идејата за повторна соработка со германскиот специјалист.
Ново на Сител
-
Андоновски: До јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија
-
Трамп: Нуклеарното оружје е монструм што може да доведе до крај на светот
-
Поради сообраќајка на патот Ресен - Битола возилата се пренасочуваат по стариот пат
-
Израел ќе престане да испорачува струја за Појасот Газа
-
Во Албанија се очекува дијаспората да има влијание на изборите на 11 мај, за гласање регистрирани 246 илјади албански граѓани во странство
-
Мицкоски: „Никогаш повеќе“ не е само фраза, тоа е залог
-
Се запалил автомобил на Бит Пазар, нема повредени
-
20-годишен скопјанец нападнат по недоразбирање во сообраќајот