ПССЕ: Брегзит не смее да претставува закана за човековите права на народот во Северна Ирска
![]()
Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) побара од Обединетото Кралство да се погрижи Брегзит да не резултира со никакво намалување на правата за народот на Северна Ирска, предупредувајќи дека повлекувањето од Европската унија „повторно ги разгоре длабоките тензии во северноирското општество, продолжувајќи ја политичката поделба и придонесува значително до парализа на децентрализираните институции“, јави дописникот на МИА.
Одобрувајќи ја резолуцијата заснована на извештајот на Џорџ Катругалос (Грција, ОЕЛ), ПССЕ рече дека Брегзит „ја разниша деликатната рамнотежа создадена од мировниот процес и го загрози заедничкиот простор за човекови права што претходно го споделуваа сите луѓе на островот Ирска“.
Има и „сериозна загриженост“ во однос на компатибилноста на нацрт-законот за наследство и помирување за проблемите на Северна Ирска со Европската конвенција за човекови права, посочија парламентарците. Додека Протоколот Ирска/Северна Ирска имаше севкупен позитивен економски ефект врз Северна Ирска, Собранието забележа дека „поврзаната реторика предизвикува поделба“ и се користи како изговор за држење на јавните институции во Северна Ирска како заложници.
Пратениците го повикаа ОК да ја „потврди својата посветеност на Европската конвенција за човекови права“ и, во однос на Протоколот, „да се воздржи од еднострани дејства што го поткопуваат меѓународното право“. Тие, исто така, ги повикаа властите и политичките сили во Северна Ирска „веднаш да се вратат на поделбата на власта“. И Обединетото Кралство и Ирска треба да работат заедно во „кооперативен, конструктивен и напреден дух“ за да се
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
