Првиот човек на ИОК му го врачи медалот „Пјер де Кубертен“ на претседателот Пендаровски

Шефот на државата Стево Пендаровски денеска го прими претседател на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, со кого разговараше за заложбите и преземените активности на ИОК во насока на промоција на меѓународниот спорт и мирот во светот, во услови на новите околности и променетата геополитичка состојба, предизвикана од руската инвазија врз Украина, како и последиците од пандемијата на Ковид-19.
На средбата Бах на претседателот Пендаровски му го врачи престижното признание – медалот „Пјер де Кубертен“.
Како што соопшти Кабинетот на претседателот, Пендаровски бил запознат со поддршката од Меѓународниот олимписки комитет за Олимписката заедница во Украина која се заснова на солидарноста, како една од основните вредности за која се залага Олимпиското движење.
– Соговорниците разговараа и за работата и ангажманот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија во насока на унапредување на Олимпизмот и спортот во нашата држава. Во тој контекст, претседателот Пендаровски беше информиран за отворање на првата Лабораторија за спортска медицина за постигнување на високи спортски резултати, донација од Меѓународниот олимписки комитет. На средбата стана збор и за кандидатурата на Република Северна Македонија и градот Скопје за домаќин на Европските игри 2027 година, наведуваат од Кабинетот на шефот на државата.
Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет престојува во нашата држава поради учеството на Генералното Собрание на Европските олимписки комитети кое се одржува во Скопје, а на кое присуствуваат претседатели и генерални секретари на националните олимписки комитети од Европа. Оваа година, нашата држава одбележува 30 години од основањето на Македонскиот олимписки комитет.
Ново на Сител
-

Трамп: Европа не е тоа што беше порано, да не бевме ние во Данска ќе се зборуваше германски и јапонски
-

Стојаноски: Со новиот Кривичен законик секој во државава ќе мора да ги почитува законите, а правдата ќе важи за сите
-

Сите државни патишта проодни и безбедни за сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
-

Трамп со јасна порака во Давос: САД нема да употребат сила за да го преземат Гренланд
-

Тошковски: Во тест периодот на „Безбеден град“ девет жртви помалку од истиот период лани
-

Управниот одбор на АД ЕСМ именува времени координатори во РЕК Битола и РЕК Осломеј
-

Николоски: Апелирам до ЕУ, македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за влез во Шенген зоната за да не трпиме економски штети
-

Собранието донесе неколку закони во рамките на 81. пленарна седница
