-->
-->
Првата жртва на нападите е мајка на близначиња
-->
Двајца студенти од Америка и маж од Велика Британија се водат како исчезнати во хоророт кој се случи во Брисел, кога вчера одекнаа три силни експлозии.

Siblings Sascha и Alexander Pinczowski се наоѓале на аеродромот во Брисел каде одекнаа првата и втората експлозија. Тие повеќе ниту се видени, ниту се слушнати по страшните терористички напади. Според германските медиуми, тие зборувале на телефон кога се случил хоророт. Во моментот на експлозијата врската се прекинала и од тогаш им се губи секаква трага.
Давид Диксон, од Велика Британија, е последен пат виден на метро станицата каде по експлозиите на аеродромот, одекна третата експлозија. Тој тргнал на работа вчера утрото и од тогаш му се губи трага.

Рано утринава, првата жртва на нападите која е идентификувана е жена од Перу, инаку мајка на три годишни близначиња. Adelma Tapia Ruiz е првата жртва идентификувана на нападите на аеродромот синоќа.
Sabrina Fazal од Белгија исто така не е видена по страшните напади, а во тој период била на метро станицата.

Olivier Delespesse е еден од исчезнатите за време на хаосто во Брисел.

Во нападите загинаа 31 лице, а повеќе од 200 се повредени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
-

Од Дубаи екстрадиран 33-годишен бегалец по потерница на македонската полиција
-

Рама: Одборот за мир би можел да ги „размрда“ ОН на акција
-

Се огласи сопругата на градоначалникот на Скопје: Мојата чанта вреди 944 денари
-

Јаневска: Прифатливи се аргументирани забелешки за законот за високо образование
-

Метален профил усмрти 23-годишен работник од Велес на објект во изградба
