Првата турнеја на Трамп во странство ќе ги опфати Саудиска Арабија, Израел и Ватикан

Претседателот на САД Доналд Трамп наведе дека кон крајот на месецов ќе ги посети Саудиска Арабија, Израел и Ватикан, во текот на неговата прва турнеја во странство откако стапи на должноста.
Американскиот претседател, по посетата на овие три земји, планира да учествува на самитот на Г-7 во Сицилија и на НАТО во Брисел.
- Моето прво патување во странство како претседател на САД ќе биде во Саудиска Арабија, потоа во Израел, а потоа на место каде кардиналите многу ме сакаат, Рим, изјави Трамп.
Ватикан потврди дека папата Франциско ќе го прими Трамп на 24 мај. Средбата ќе се одржи во 8.30 часот, по локално време.
Папата Франциско е критичен кон позициите на Трамп за мигрантите и бегалците.
По средбата со папата, Трамп ќе разговара и со државниот секретар на Ватикан - кардиналот Пиетро Паролин, кој е премиер на Ватикан и со архиепископот Пол Галагер, кој е министер за надворешни работи на папата, соопшти Ватикан.
Потоа Трам ќе учествува на средбата на врвот на НАТО во Брисел на 25 мај и на самитот на Г-7 на 26 и 27 мај во Таормина, Сицилија.
Ново на Сител
-

АХВ спроведе 1221 предпразнични вонредни контроли
-

Ѕвездата од „The Hunger Games“ уапсен поради пукање во тројца мажи во Северна Каролина
-

Пилана од Делчево нелегално сечела дрва, запленети 19 метри кубни дрва | ФОТО
-

Иран: Поради американските потези во Персискиот Залив ќе има опасни последици
-

Во Собранието расправа за продолжување на рокот на кризната состојба за нафтата
-

Трамп: Денеска разговори меѓу Израел и Либан
-

Неколку убиени при нападите на Русија врз Киев, Днепар и Одеса
-

Без вода корисници на ул. „Капиштец“
